Штутгарт и Пешевски поразени кај Фуксе Берлин

Македонскиот ракометен репрезентативец, Жарко Пешевски и неговиот Штугарт доживеаја пораз од Фуксе Берлин на домашен терен од 25-28 во натпревар од 33. коло во германската Бундеслига.

Берлин сите дилеми околу победникот ги реши во првиот дел кој го доби со 10-15, а во второто полувреме само рутински го приведе мечот до самиот крај. Жарко Пешевски имаше солидна партија постигнувајќи три гола од четири упатени удари.

 

 

Се вчитува...