Екипата на Штутгарт веднаш ја пронајде замената за Серхио Гираси кој во следните денови ќе се пресели во Борусија Дортмунд. Голгетернот на „швабите“ веќе ги договорил условите, па така вицепрвакот на Германија тргна во барање на негова замена.
Штутгарт е во преговори со Аугзбург за голгетерот Ермедин Демировиќ. Во 26-годишниот напаѓач тренерот Себастијан Хенес гледа идеална замена за својот прв голгтетер кој ќе си оди.
Штутгарт исто така ќе го загуби и Валдемар Антон кој исто така ќе се пресели во Дортмунд, а би можел ветеранот Матс Хумелс да биде неговата замена во таборот на „Швабите“. Хумелс е слободен агент откако е ослободен од таборот на „милионерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА