Штутгарт ја одби првата понуда од Шалке за Чурлинов

Штутгарт ја одбил понудата од Шалке за Дарко Чурлинов, а која беше позајмица на уште една година. „Швабите“ одлучија целосно да го продадат за 3 милиони евра, или да се направи договор со задолжителен откуп на крајот од идната сезона.

Со тоа пропадна првата можност македонскиот репрезентативец и идната сезона сигурно да биде дел од тимот од Гелзенкирхен, кој успеа да обезбеди враќање во прволигашката конкуренција.

Чурлинов изрази желба да остане во Шалке, и тимот го сака, но нема пари да го откупи, па така бара начин. Шалке засега се согласува само на едногодишна позајмица без откуп, но од Штутгарт не размислуваат за таква опција. Според германските медиуми, преговорите продолжуваат и во наредните денови.

Се вчитува...