Штутгарт подготвен да го продаде Чурлинов, но само под еден услов – Барнли на потег!?

Штутгарт ги разгледува понудите кои пристигаат за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но германскиот бундеслигаш е подготвен тоа да го направи под само еден услов.

Според весникот „ВАЦ“, англиски Барнли треба понуди најмалку пет милиони евра за потпис на офанзивецот. Чурлинов после едногодишниот заем во Шалке 04 се врати во Штутгарт со кој има договор до 2024 година и имаше одлична предсезона, па со гол го реши Динамо Дрезден на стартот на Купот на Германија.

Веднаш после мечот се појави информацијата на весник од Штутгарт, дека Барнли е заинтересиран, тим кој сега е на потег за дадената цена на Македонецот.

Се вчитува...