Штутгарт во 20 минути со три гола го реши Ајнтрахт (ВИДЕО)

Штутгарт повторно се израмни бодовно со Баерн Минхен на делба на втората позиција на табелата во Бундеслигата, откако во 29. коло лесно славеше против Ајнтрахт Франкфурт пред своите навивачи со 3-0.

Целокупната задача домашните си ја завршија за само 20 минути низ првиот дел од натпреварот кога беа постигнати сите три гола.

Уште во 11. минута Штутгарт поведе со голот на Гираси. Веќе во 17. минута Ундав зголеми и на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Левелинг, на асистенција на Ундав, во 35. минута од натпреварот.

Се вчитува...