Селекторот на Англија, Томас Тухел истакна дека никој од фудбалерите на Англија но и Франција не сакаат да се игра натпреварот за третото место на СП 2026, кој според него е бесмислен.
„Ниту еден играч од Англија или Франција не сака да игра на овој натпревар. Сите сакаа да бидат во финалето. Сите се тука за да го добијат ова натпреварување, а не да го играат натпреварот за третото место. Но, така е како што е“, рече Тухел.
Иако многумина се согласуваат со зборовите на англискиот селектор, има и такви кои не го поддржуваат она што го кажа.
Меѓу нив е и легендарниот хрватски напаѓач Давор Шукер, кој го освои третото место со Хрватска во 1998 година и вели дека тие богати земји и селекции мора да покажат почит кон натпреварувањето, бидејќи за некого бронзениот медал значи сè на светот.
„Дозволете ми да кажам нешто на таа тема. Не мислам дека богатите земји сакаат да играат таков натпревар откако беа поразени во полуфиналето. Но, не го потценувајте тој натпревар бидејќи е многу важен“, вели Шукер и продолжува.
„По 1998 година и третото место со Хрватска против Холандија, сè уште зборувам за тој бронзен медал со голема гордост. Некои луѓе имаат толку многу пари и трофеи што тој меч не им значи ништо… Им велам да бидат тивки и да ги почитуваат сите 211 фудбалски нации и да разберат дека светот не им припаѓа само нив, туку им припаѓа и на малите нации и на сите што го сакаат фудбалот“.
Шукер на крај поентира…
„Така да, кој и да го освои третото место утре, можам да ве уверам дека за 20 години, кога ќе бидат постари, сигурно ќе го паметат тој бронзен медал. Затоа тренерот Тухел не е важен во целата оваа приказна. Тој сере.“
Davor Suker goes hard on France-England 3rd place complaining:
“When the rich lose, they always cry,
They’d better shut up.Tuchel is saying bullshit” pic.twitter.com/U7cu0ePC86
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 18, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
