Шумахер: Не очекував да бидам толку брз…

Мик Шумахер ја импресионираше јавноста со добрите резултати на тестирањата со болидот на Ферари, тимот со кој неговиот татко Михаел беше петкратен шампион на Формула 1. Младиот Мик оствари второ најдобро време на тестирањата со Ферари во Бахраин, а во средата беше тест-возач и на болидот на Алфа Ромео, при што ја освои шестата позиција.

Да бидам искрен, ни самиот не очекував дека ќе имам толку добри времиња. Ми беше лесно бидејќи се забавував на патеката, би сакал да им се заблагодарам и на двете екипи бидејќи беа толку отворени кон мене и сторија се за да ми помогнат да се адаптирам. Во текот на целиот ден учев нови работи, напредував и си ги поместував сопствените граници“ – истакна Мик Шумахер.

Синот на Михаел Шумахер минатата сезона триумфираше во европското идание на Формула 3, а сезонава се натпреварува во Формула 2 шампионатот. Сепак, општо мислење е дека е само прашање на време кога Мик ќе тргне по стапките на својот татко и во самата возачка елита – Формула 1 шампионатот.

Се вчитува...