Шундовски е позитивен на коронавирус: Во Катар казната е 10.000 евра

Поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски е позитивен на коронавирус и се наоѓа во самоизолација во Катар. Македонскиот ракометен стручњак бележи добри резултати како тренер на Ал Рајан, но во следните 14 дена нема да може да го води тимот.

„Позитивен сум на Covid-19. Засега немам симптоми, ми беше малку чудно бидејќи само јас сум позитивен во целата екипа. Побарав повторно да бидам тестиран, мислам дека е грешка, но овде се е поинаку, ми беше кажано дека не можам да направам нов тест. За жал, не можам да му помогнам на тимот во плејофот. Имаме решение за карантин во следните 14 дена, казната за прекршување е 10.000 евра“, истакна Шундовски за “G-Sport”.

 

Се вчитува...