Андре Шурле ја шокираше германската јавност откако објави дека заминува во пензија со само 29 години. Тој своето деби во Бундеслигата го имаше на 18-годишна возраст, а беше дел и од репрезентацијата на Германија која во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил. Тој кариерата ја почна во Мајнц, а играше и за Баер Леверкузен, Челси, Волфзбург, Борусија Дортмунд, Фулам и Спартак Москва.
„Престанувам. Веќе не ми требаат аплаузи“, накратко изјави Шурле.
Покрај титулата со Германија, Шурле во 2015 година ја освои Премиер-лигата, а има и две титули од Националниот куп на Германија. За репрезентацијата на Германија запиша 57 настапи, на кои постигна 22 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА