Шурле се враќа во Борусија Дортмунд?

Германскиот интернационалец Андре Шурле на крајот ќе се врати во Борусија Дортмунд. Рускиот клуб Спартак Москва нема да ја искористи можноста за откупување на неговиот договор за сума од 7 милиони евра.

„Андре Шурле е одличен фудбалер, но клубот одлучи дека во овој момент не е подготвен да вложи во откупување на договорот од Борусија Дортмунд“, изјави спортскиот директор на Спартак Москва, Томас Зорн.

Шурле има договор до јуни 2021 година со Борусија Дортмунд. Претходно две сезони беше позајмен и во англискиот клуб Фулам.

Се вчитува...