Шутерско шоу на Гостивар за триумф над МЗТ

Гостивар ја забележа првата победа сеознава над МЗТ Скопје Аеродром. Го совлда убедливо во дуелот од 9.коло во домашната кошаркарска Супер-лига со високи 98-82. Натпреварот го обележаа неверојатните 18  тројки на тимот на Гостивар.

Во натпреварот во кој МЗТ беше само со Иве Иванов од странците во ростерот, Гостивар имаше континуирано водство, дојде до плус 10 на полувремето, а во потоа постојано ја зголемуваше предноста до највисоките 18 поени во завршниот сегмент. На крајот кога беше јасно каде оди победата, двајцата тренери им дадоа шанси на дел од помладите играчи.

Костовски и Сегариќ со по 19 поени беа најефикасни во победничкиот табор, Ефианаи постигна 17, а Тасовски 15 поени. Магдевски со 17 поени беше прв стрелец кај МЗТ, Иванов псотига 16 поени.

Во последното коло од овој натпреварувачки сегмент, пред стартото на разигурвањето за титулата, МЗТ ќе се соочи со Работнички, а Гостивар го чека пресметка со Кожув. Многу е извесно дека токму овие две екипи ќе се сретнат и во полуфиналето од плеј-офот со оглед дека МЗТ е сигурно прв, а Гостивар најверојатно ќе заврши четврти.

 

 

 

 

Се вчитува...