Шутерско шоу на Ѓуроски во Шпанија

Стојан Ѓуроски одигра фантастично прво полувреме, предводејќи ја Хуеска до убедлива победа на дуелот со Арабери од 105-68.

Македонскиот репрезентативец погоди пет тројки од исто толку обиди и го заврши првиот дел со 19 поени, уште во првото полувреме кршејќи го отпорот на гостинскиот состав. Ѓуроски потоа погоди уште една тројка од два обиди во вториот дел, завршувајќи го натпреварот со 25 поени, пет скокови и две асистенции.

Хуеска со оваа победа остана во игра за место во плејофот, за разигрување за влез во елитното шпанско кошаркарско друштво.

Се вчитува...