Швајнштајгер до Португалците: Внимавајте на Македонија, оваа репрезентација ја победи и Германија

Бастијан Швајнштајгер пред почетокот на синоќешниот дуел во Палермо објави своја фотографија со наслов „Форца Аѕури“, јасно ставајќи до знаење за кого ќе навива на овој натпревар.

Откако и тој остана шокиран од триумфот на Македонија, поранешниот ас на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед испрати порака до португалската репрезентација, да не ја потцени македонската национална селекција.

„Изгледа дека не донесов многу среќа вчера. Извини, Италија… Македонија лани исто така ја победи и Германија. Тоа е тежок противник, Португалците треба бидат предупредени“, порача Швајнштајгер.

Се вчитува...