Швајцарецот Фојц најдобар на спустот во Кицбил, Гоџија до триумф во Кранс Монтана

Беат Фојц е победник на спуст трката во австрискиот Кицбил. Швајцарецот до триумфот стигна со време од 1:53.77 минута, што е за 16 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот домашен натпреварувач, Матијас Мајер.

Третото место му припадна на Италијанецот, Доминик Париз кој доцнеше 56 стотинки зад времето на победникот. Спустот го одбележа хорор падот на Швајцарецот Урс Крунбил. Швајцарецот пред целта ја загуби рамнотежата и при брзина од 140 километри на час падна, по што се лизгаше добри 50 метри. По падот остана неподвижен на патеката.

Денеска и дамите возеа спуст во швајцарска Кранс Монтана. Италијанката Софија Гоџија триумфираше со време од 1:10:10 минута. Второто место и припадна на Естер Ледецка од Чешка која доцнеше 20 стотинки, додека трета беше Американката Бризи Џонсон со заостанување од 57 стотинки зад времето на победничката.

Се вчитува...