Швајцарецот Кавизел најдобар на супервелеслаломот во Вал Д’изер

Мауро Кавизел е победник на првиот супевелеслалом во сезоната во алпско скијање кој се возеше во францускиот ски-центар Вал Д’изер.

Кавизел до победата стигна со време од 1:01.34 минута, што беше за 10 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец Адријан Смисет Сејерстед. Подиумот го надополни Кристијан Волдер од Австрија.

Утре на програмата во Вал Д’изер е првиот спуст сезонава.

Се вчитува...