Швајцарецот повторно повреден: Федерер нема да настапи на турнирите во Торонто и Синсинати

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер нема да игра на следните два турнири од Мастерс серијата во Торонто и Синсинати.

Федерер ги откажа настапите на овие турнири поради повредата на коленото, а засега не е познато ниту дали ќе игра на последниот гранд-слам турнир во сезоната, Ју-Ес Опен.

За потсетување, Швајцарецот поради повреда не играше ниту на Олимписките игри, а во текот на минатата година двапати беше на операција на десното колено.

Федерер последниот трофеј го освои во 2018 година на Австралијан опен, а од тогаш Новак Ѓоковиќ освои осум, додека Рафаел Надал освои четири големи трофеи.

Се вчитува...