Швајцарецот Зенхаузер најдобар на слаломот во Алта Бадија

Рамон Зенхаузер е победник на слаломот кој денеска се возеше во италијанска Алта Бадија. Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 1:45.43 што беше за осум стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Мануел Фелер од Австрија.

Третото место му припадна на уште еден Австриец, Марко Шварц кој доцнеше 12 стотинки зад времето на победникот. Најдобрите скијачи во светот се селат во Мадона ди кампиљо, каде утре ќе се вози нова слалом трка.

Се вчитува...