Швајцарија може да жали што има само минимална предност на полувреме против Катар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Швајцарија има водство од 1-0 на полувреме против Катар во премиерниот натпревар за двете селекции во групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико.

Швајцарците беа подобар противник во првото полувреме и само поради одличната партија на голот на Катар на Махмуд Абунада немаат поголема предност по првите 45 минута. Сепак, Абунада не можеше да спречи и пенал (кој за волја на вистината) сам го направи, а прецизно го реализираше Брил Емболо во 17. минута за 1-0.

Qatar 0 – [1] Switzerland – Breel Embolo 17'
byu/Ihattaren insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...