Швајцарката Бенчиќ ќе се бори за злато на тенискиот турнир на ЛОИ

Швајцарката Белинда Бенчиќ е прва финалистка на тенискиот турнир кој се игра на Летните олимписки игри во Токио. Бенчиќ до борба за златниот медал стигна откако во интересен натпревар ја совлада Казахстанката, Елена Рибакина со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 6-3.

Во финалето Швајцарката ја чека подобрата од мечот меѓу Украинката, Елина Свитолина и чешката тенисерка Маркета Вундрушува. Познат е и првиот полуфиналист на машкиот дел од турнирот, откако Русинот, Карен Хачанов славеше над Уго Умбер од Франција со 2-1 (7-6, 4-6 и 6-3).

Се вчитува...