Швајцарката Сутер ја расипа италијанската забава и стигна до злато во спустот на ЗОИ

Корин Сутер е нова олимписка шампионка во спуст, откако денеска триумфираше на трката на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Швајцарката на титулата светски шампион го додаде и олимпиското злато триумфирајќи на патеката во Јанкинг центарот со време од 1:31.87 минута.

Со освојување на златниот медал Сутер ја расипа италијанската прослава, бидејќи во еден момент Италијанките ги држеа сите три места на подиумот. Среброто на крај и припадна на најдобрата сезонава во светскиот куп Софија Гоџа која доцнеше 16 стоти делови од секундата зад времето на победничката, додека до бронзениот медал сензационално стигна Надја Делаго со 57 стотинки заостанување зад златната Сутер.

Третата Италијанка, Елене Куртони која долго време беше и водечка на крајот заврши како петта со заостанување од точно една секунда зад победничкото време.

Се вчитува...