Швајцарска доминација на велеслаломот во австриски Шладминг

Швајцарците остварија голема победа на домашниот терен на најголемиот ривал Австријците откако Лоик Мелард и Џино Кавициел ги освоија првите две места на велеслаломската трка од сезоната во Светскиот куп во алпски скијање во Шладминг.

Мелард до победата стигна со вкупно време од 2:18.77 минути што беше за 59 стоти делови од секундата подобро од сонародникот Џино Кавициел. Подиумот го надополни домашниот скијач, Марко Шварц кој успеа да напредува дури 11 позиции во втората трка.

Лидерот во генералниот пласман Марко Одермат поради истегнување на лигаментите на коленото, повреда која ја заработи во Кицбил се одлучи да ја пропушти и денешната трка во Шладминг како би можел да биде подготвен за Светското првенство во Куршевел.

Се вчитува...