Швајцарска доминација на велеслаломот во Крањска Гора

Швајцарските скијачи доминираа на велеслаломот во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање кој денеска се возеше во словенечка Крањска Гора. Победата му припадна на Марко Одермат кој оствари вкупно време од 2:12.87 минути, што беше за секунда и шест стотинки подобро од неговиот сонародник Лук Мелард кој заврши како второпласиран.

Трето место му припадна на Австриецот, Штефан Брејнстајнер кој доцнеше 1.09 секунди зад времето на победникот. Со оваа победа Одермат ја намали предноста во вкупниот пласман во светскиот куп на Французинот, Алексис Пантуро кој денеска мораше да се задоволи само со четвртото место.

Утре во Крањска Гора на програмата е слаломската трка.

Се вчитува...