Швајцарската одбрана како „сирење“, Португалија има 2-0 на полувреме (ВИДЕО)

Португалија чекори кон 1/4 финале во Катар, откако има 2-0 на полувремето против Швајцарија. Одбраната на Швајцарците е како „сирење“, па покрај двата гола, Португалија имаше уште две добри ситуации за поубедливо водство, меѓутоа недостасуваше реализација.

Рамош во 17. минута донесе водство за Португалија, откако доби топка од Феликс, и ја „закова“ под пречката на Зомер. Следуваше шанса на Шаќири на другата страна, но и одбрана на Кошта. Во 33. минута по изведен корнер, Пепе со глава ја „закова“ топката во голот на Зомер за 2-0.

Следуваше уште две добри прилики. Најпрво Рамош имаше 100% шанса откако излезе сам пред голот, но му одбрани Зомер во корнер, а потоа едно несогласување меѓу одбраната можеше скапо да ги чини Швајцарците, но некако успеаја да исчистат.

Кристијано Роналдо е на клупата за резерви за Португалија.

Се вчитува...