Швајцарско класико – Федерер против Вавринка во четвртфиналето во Синсинати

Вториот светски рекет, Роџер Федерер со победата над Леонардо Мајер се пласираше во четртфиналето на Мастерсот во Синсинати.

Швајцарскиот тенисер првиот сет го доби за само 24 минути со 6-1, додека во вториот се мачеше нешто повеќе на сервис на Аргентинецот. Мајер се избори за тај-брејк, но тоа беше неговиот максимум па Федерер го доби и вториот сет со 7-6(6).

Противник во четвртфиналето ќе му биде сонародникот Станислас Вавринка кој во осминафиналето го совлада Унгарецот Мартон Фучович со 6-4,6-3.

Се вчитува...