Швајцарците најдобри на тимскиот паралел-велеслалом во Мерибел

Швајцарскиот тим во алпско скијање во состав Делфин Дарбелеј, Ливио Симоне, Андреа Еленбергер и Фадри Жанутан стигнаа до победата во тимскиот паралел велеслалом кој се возеше во францускиот Мерибел. Тие во финалето славеа над Австирскиот тим во состав Рикарда Хасер, Штефан Бренштајнер, Катарина Трупе и Патрик Форштајн со 3-1.

Третото место и припадна на екипата на Германија во состав Антониа Кермер, Жулијан Рауфус, Лена Дир и Фабијан Грац кои во малото финале беа подобри од Норвежаните, кои денеска настапија во состав Теа Луиз Стјернесунд, Вилкенс Фабијан Солхајм, Мариа Терезе Твиберг и Лајф Кристијан Нестволд-Хауген.

Утре на програмата се трките во велеслалом во машка и слалом во женска категорија.

Се вчитува...