Русија ќе биде сериозно ослабена за претстојниот дуел со Македонија во квалификациите за Евробаскет 2021, откако беше обелоденто дека настапот на првите две средби од новиот циклус дефинитивно ќе го пропушти Алексеј Швед. Најдобриот руски кошаркар се најде на списокот на селекторот, но поради обврски кон клубот Химки во Евролигата сепак нема да може да настапи на средбите со Италија на гостински терен и со Македонија пред своите гледачи во Перм.
Покрај Швед, рускиот стручен штаб за пресметката со Македонија нема да може да смета ниту на Вјачеслав Зајцев од Химки, како и на помошта на Дмитри Хвостов од Зенит, кои исто така нема да играат поради обврски кон своите клубови за средбите во Евролигата. На местото на овие тројца кошаркари дополнително повикано е триото на Нижњи Новгород, Иван Стребков, Павел Антипов и Антон Астапкович.
СПИСОК НА СЕЛЕКЦИЈАТА НА РУСИЈА:
БЕКОВИ: Евгениј Бабурин, Максим Григорјев, Денис Захаров, Дмитри Кулагин, Михаил Кулагин, Григориј Мотовилов, Андреј Сопин, Виталиј Фридзон, Иван Стребков
КРИЛА: Семен Антонов, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Андреј Воронцевич, Андреј Зубков, Станислав Иљницки, Сергеј Карашев, Никита Михајловски, Владислав Трушкин, Павел Антипов, Антон Астапкович
ЦЕНТРИ: Џоел Боломбој, Артем Забелин, Владимир Ивљев, Артем Клименко
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА