Шведска го доби „мега-дуелот“ со Канада и обезбеди полуфинале на ЗОИ

Репрезентацијата на Шведска е последниот полуфиналист на машкиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Швеѓаните во последното четвртфинале со 2-0 славеа над големиот ривал Канада.

Педесет минути двете репрезентации играа внимателно и ниту едните ниту другите не нападнаа посилно не сакајќи да ризикуваат. Клучниот момент се случи на половина на последната третина кога на маестрален начин Волмарк го матираше голманот на Канаѓаните, Томкинс и донесе водство за својата репрезентација од 1-0. Конечните 2-0 ги постави Ландер во 59. минута кога на празен гол ги разреши сите дилеми околу победникот.

Таму Шведска ќе се сретне со најголемиот фаворит на турнирот репрезентацијата на Русија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Финска и Словачка.

Се вчитува...