Шведска продолжува да гази – По Шпанија падна и актуелниот олимписки шампион

Женската ракометна репрезентација на Шведска продолжува со маестралните партии на олимпискиот турнир во Токио.

По убедливиот триумф против Шпанија во првото коло пред налетот на Швеѓанките денеска настрада и актуелниот шампион Русија кој загуби со 36-24.

Швеѓанките почнаа фуриозно и веќе до полувреме ги решија сите дилеми околу победникот откако по 30 минути игра водеа со 15-9. До крајот рутински беше приведен мечот за коенчни 36-24.

Керин Стромберг со осум гола беше најефикасна кај победникот, додека кај поразените Ведекина заврши со пет.

Се вчитува...