Шведска ракометарка ја завршува кариерата за да стане маж

Шведската репрезентативка Луиз Санд на 26-годишна возрaст стави крај на ракометната кариера од една помалку необична причина – затоа што сака да го промени полот.

Санд го прекина договорот и со францускиот клуб Флери и јавно ги потврди своите планови.

„Не ми е грижа дали луѓето ме сакаат или не. Она што ми е важно е дека конечно го правам тоа што го сакам. Официјално ја завршувам кариерата. Од осум години играм ракомет, ракометот беше мојот живот“ – изјави Санд.

Шведската ракометарка реши јавно да проговори за својата одлука знаејќи дека не може да го избегне интересот како јавна личност.

„Јас сум родена во погрешно тело. И за мене е големо олеснување што конечно ќе можам да го живеам животот како што сакам. Добро е што ќе можам отворено да зборувам за моите сфаќања, ова го правам и за моите најблиски кои не ќе мора да лажат за мене“ – вели Луиз Санд која по промената на полот ќе стане Луи Санд.

Црномурестата ракометарка за репрезентацијата на Шведска има одиграно 105 натпревари.

Се вчитува...