Шведски тенисер доби суспензија од година и пол

Шведскиот тенисер Микаел Имер доби 18-месечна суспензија откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја усвои жалбата на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) против претходната ослободителна пресуда во овој случај поврзана со кршење на регулативите за допинг.

Имер беше обвинет во јануари 2022 година за избегнување на тестирање надвор од конкуренција три пати во период од 12 месеци. 24-годишниот шведски тенисер реши да се бори против ова обвинение и беше ослободен по сослушувањето пред независен трибунал во јуни 2022 година. Сепак, ИТФ се жалеше на таа одлука.

ЦАС објави дека ИТФ побарала двегодишна забрана за настап на Швеѓанецот, и дека судскиот совет делумно го прифатил жалбеното барање и затоа изрече забрана од 18 месеци.

Се вчитува...