Швеѓанката Хагман даде 19 гола на меч од СП, но не успеа да го урне рекордот на Наталија Тодоровска

Шведска го декласираше Порторико во рамките од СП во ракомет за жени со преубедливи 48-10, втор убедлив триумф на скандинавската селекција на стартот од овој мундијал што се одржува во Шпанија.

Во главна улога беше Натали Хагман, која со 19 погодоци беше убедливо најефикасна на натпреварот, но ова нејзино фантастично остварување сепак не е рекорд кога станува збор за најмногу голови на еден меч од ракометен мундијал за жени.

Рекордот го држи поранешната македонска репрезентативка Наталија Малахова (сега Тодоровска), која на СП 2005 постигна неверојатен 21 погодок на дуелот со Камерун.

Се вчитува...