Швеѓанката Хектор најдобра на велеслаломот во Куршевел

Шведската алпска скијачка Сара Хектор стигна до победата на велеслаломот кој денеска се возеше во сезоната во Светкиот куп во францускиот ски-центар, Куршевел. Швеѓанката до победата стигна со време од 2:13.03 минути.

Второто место и припадна на вчерашната победничка, Микаела Шифрин која доцнеше 35 стоти делови од секундата зад победничката. Подиумот го надополни Марта Басино од Италија со заостанување од 60 стотинки зад победничкото време.

Во генералниот пласман Шифрин е прва, пред Гоџа и Влхова.

Се вчитува...