Швеѓанките златни на штафетата во бијатлон

Штафетата на Шведска го освои златниот медал во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Швеѓанките во состав Поромаа, Свенсон, Хана Оберг и Елвира Оберг делнцата од 4х6 километри ја поминаа за време од 1:08.21 час. Сребрениот медал и припадна на руската штафета во состав Казакевич, Резцова, Миронова и Нигматулина, додека со бронза се закитија Германките (Фојт, Хинц, Пројс и Херман).

Првите фаворитки, Норвежаните на крајот завршија само како четврти, поради очајната втора замена на Тирил Екоф која отиде во два казнени круга.

Се вчитува...