Полската тенисерка Ига Швјонтек ја оправда фаворитската улога против Австралијката Емерсон Џонс и се пласираше во второто коло на францускиот гранд-слем Ролан Гарос со победа во два сета од 6-1 и 6-2.
Иако не игра толку добро како кога беше број 1, на Ролан Гарос Ига Швјонтек секогаш мора да биде вклучена во најтесниот круг на фаворити. Четири титули на париската земјена подлога го покажуваат тоа, а таа го потврди тој статус со лесна победа над 136-тиот женски рекет во светот Емерсон Џонс. Во следното коло, Швјонтек ќе игра против Чехинката Сара Бејлек.
Во второто коло на женскиот дел од турнирот пласман изборија и Паолини, Свитолина и Касаткина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
