Најдобрата полска тенисерка на сите времиња, Ига Швјонтек славеше на својот прв натпревар на ВТА завршниот турнир кој се игра во мексикански Канкун.
Полјачката беше подобра од шампионката од Вимблдон Маркета Вондрушова со 7-6 и 6-0. Откако првиот сет помина во голема битка, Швјонтек во вториот помина како брз воз за конечен триумф.
Уште поубедлива беше шампионката од УС опен, Коко Гоф која на Тунижанката, Онс Жабер и дозволи само еден гејм (6-0 и 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА