Швјонтек лесно до осминафинале на Ролан Гарос

Една од најдобрите тенисерки на денешницата Ига Швјонтек без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, францускиот Ролан Гарос.

Полјачката во првиот меч на „Филип Шатрие“ денеска славеше над својата сонародничка Магда Линет со максимални 2-0, идентични 6-4 во двата сета.

Во осминафиналето четирикратната освојувачка на францускиот опен ќе има тежок натпревар против шампионката од Мадрид, Марта Костјук.

Се вчитува...