Швјонтек победнички стартуваше во Пекинг

Полската тенисерка Ига Швјонтек успешно ја помина првата пречка на ВТА 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Пекинг.

Таа во својот премиерен меч во кинескиот град славеше над шпанската Сара Сорибес Тормо со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3. Во следното коло Швјонтек ќе игра против Французинката Варвара Грачева.

На машкиот дел од турнирот кој е од серијата 500 во полуфиналето пласман обезбедија Данил Медведев и Александер Зверев.

Се вчитува...