Швјонтек се мачеше само еден сет против Вондрушова

Најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек е првата која се пласираше во полуфиналето на ВТА премиер 1000 турнирот во Синсинати.

Полјачката во денешното четвртфинале беше подобра од освојувачката на Вимблдон, чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 2-0, по сетови 7-6 и 6-1.

Во полуфиналето светската тенисерка број еден ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу домашната тенисерка Кори Гоф и Италијанката Јасмин Паолини.

Се вчитува...