Швјонтек убедливо во следната фаза на Вимблдон

Полската тенисерка Ига Швојнтек се пласираше во четвртото коло на Вимблдон откако убедливо ја победи Даниел Колинс со 6:2, 6:3.

Мечот беше целосно контролиран од Полјачката, која не ѝ остави на противничката ни трага надеж дека може да направи изненадување.

Колинс направи многу неизнудени грешки, што му ја олесни работата на Швојнтек , но клучот беше солидниот почеток на двата сета. Ига правеше брејк на почетокот од секој сет, веднаш преземајќи ја иницијативата и целосно гасејќи го секој отпор. Сите сомнежи за исходот од овој дуел брзо беа отстранети.

Со елиминацијата на Даниел Колинс, САД останаа со само една претставничка во главната ждрепка во името на Аманда Анисимов.

Швјонтек досега нема загубено сет на Вимблдон.

Во следната фаза се пласираше и Наваро која ја алиминираше Крејчикова, додека Александрова беше подобра од турската сензација Сонмез.

Се вчитува...