Си-Џеј Меколум мора да паузира

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Си-Џеј Меклоум повторно се соочува со проблеми со белите дробови, информира неговиот клуб. На последните прегледи дијагностициран му е мал пневмоторакс, присуство на воздух во плевралиот простор.

Ова е втор пат Меколум да се соочува со овој проблем. Првиот пат беше во 2021 година кога пропушти 17 натпревари на својот тим во период од шест недели колку што трае рехабилитацијата.

Искусниот 32-годишник кој оваа сезона бележи просек од 21.7 поени, 4.8 скокови и 5.7 асистенции во следните 48 часа ќе помине низ дополнителни прегледи по што ќе биде утврдена неговата состојба и дали има напредок во лекувањето.

Се вчитува...