Си оди од Валенсија – Батшуаи ќе заигра и во Италија

Мичу Батшуаи се наоѓа блиску до преселба во Рома, откако „римската волчица“ покажа сериозен интерес за да го доведе на позајмица до крајот на сезонава. Белгиецот минатото лето се пресели на едногодишна позајмица од Челси во Валенсија, но важи за најголемо промашување во преодниот рок на клубот од „Месталја“.

Покрај слабите настапи на теренот, тој недоволно се залагал и на тренинзите, поради што неколку пати влегол во конфликт со тренерот Марселињо. Стратегот на Валенсија веќе ставил до знаење дека нема да смета на услугите на проблематичниот голгетер, а челниците на клубот бараат начин предвреме да го раскинат договорот за позајмица со Челси.

Во целата приказна одлично е вклопува Рома, која е подготвена да ги преземе обврските околу платата на Батшуаи за да ја засили конкуренцијата во нападот за Един Џеко, особено ако се земе во превид новата разочарувачка сезона на Шик.

Мичу Батшуаи со овој трансфер за само неколку години би ги свртел „Топ 5“ лигите во Европа. Тој најдобрите игри ги прикажуваше во дресот на Олимпик Марсеј, по што си обезбеди богат транфсер во Челси. Белгиецот не се снајде најдобро на „Стемфорд бриџ“, лани беше позајмен во Борусија Дортмунд, првиот дел од сезонава го мина во Валенсија, а како што стојат работите од јануари ќе се пресели и на Апенинскиот полуостров за да заигра и во „Серија А“.

Се вчитува...