Сигурдсон доаѓа во Евертон за 45 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Евертон конечно ги договори условите за ангажман на исландскиот интернационалец Гилфи Сигурдсон од редовите на Свонси. Тој за сума од 45 милиони фунти треба да се пресели на „Мерсисајд“.

Сигурдсон во текот на денешниот ден треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договор со Евертон. Менаџерот Роналд Куман цело лето напорно работеше за да го доведе овој фудбалер, верувајќи дека ќе донесе нов квалитет во неговиот тим.

Се вчитува...