Сигурдсон: Како против Лазаров… само помалку да ја допира топката

mec baner

Најдобриот исландски ракометар Гудјон Валур Сигурдсон е свесен за значењето на денешниот дуел со Македонија, на кој пораз ќе значи и елиминација на неговата репрезентација од овој мундијал. Тој е свесен дека клучна ќе биде одбраната, поточно како Исланѓаните ќе одиграат против најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров.

Тој е еден од најдобрите шутери во Европа, извонреден офанзивен ракометар кој игра послабо во дефанзива Јасно е дека мораме да го запреме Лазаров ако сакаме да победиме. Тешко се наоѓа слабост во неговата игра во нападот бидејќи ако не шутира тогаш одлично асистира до соиграчите. Затоа, ако сакаме да го запреме ќе треба да се обидеме што помалку да ја допира топката“ – истакна Сигурдсон.

Левото крило воедно е и клупски соиграч на нашиот Дејан Манасков, за кого Сигурдсон има високо мислење.

„Дејан е одличен ракометар, кој има предиспозиции да стане еден од најдобрите крилни играчи во следните десетина години. Кај Македонија тројца или четворица играчи се над 70% од репрезентацијата, додека кај нас колективот е посилен, очекувам тоа да го докажеме на терен“ – порача капитенот на исландскиот состав.

Се вчитува...