Сигурдсон: Премногу често играме со Македонија за да има изненадувања

Гудјон Валур Сигурдсон поради повреда не настапи за Исланд на последниот ракометен Мундијал, но одличното лево крило се враќа назад во националниот тим токму за двомечот со Македонија. Ветеранот во кариерата има одиграно бројни средби против нашата репрезентација, па не очекува преголеми тактички изненадувања на претстојниот двомеч меѓу овие селекции.

„Многу добро ги познаваме Македонците, исто така и тие нас. Премногу често играме со оваа репрезентација за да има изненадувања. Очекувам добра игра и наша победа, знаеме дека нема да биде лесно, но квалитетот е на наша страна. Ми беше тешко што не можев да настапам на последното СП, но сега сум пресреќен што повторно ќе го носам репрезентативниот дрес“ – истакна Сигурдсон.

Првиот натпревар меѓу Исланд и Македонија се игра утре во 21.45 часот во Рејкјавик, а реваншот е закажан за в недела во Скопје.

Се вчитува...