Сигурни победи на Зверев и Шварцман

Александар Зверев и Диего Шварцман без поголеми проблеми се пласираа во осминафиналето на Ролан Гарос. Германецот во третото коло беше подобар од Италијанецот Марко Чечинато со 3-0 по сетови 6-1, 7-5 и 6-3. Во следното коло Зверев за противник повторно ќе има Италијанец, бидејќи ќе се сретне со младата надеж на светскиот тенис Јаник Синер кој во третата рунда беше подобар од Кориа од Аргентина со максимални 3-0 (6-3, 7-5 и 7-5).

Финалистот од Мастерсот во Рим, Диего Шварцман исто стигна до релативно лесна победа откако го совлада Словакот Норберт Гомбош со 3-0 по сетови 7-6, 6-3 и 6-3. Во осминафиналето Аргентинецот за противник ќе го има Лоренцо Сонего од Италија кој денеска беше подобар од Американецот Тејлор Фриц.

Се вчитува...