„Сигурно се сеќавате на легендарниот…“ – Ингемар Стенмарк човекот кој беше поголем и од Бјорн Борг

Јан Ингемар Стенмарк е поранешен шведски алпски скијач. Се смета за еден од најдобрите шведски спортисти на сите времиња како и најдобар светски скијач во слалом и велеслалом на сите времиња.

Стенмарк е роден во Јоеше во покраината Лапонија во Шведска на 18 март 1956 година. Почнал да скија како петгодишно дете, а првпат победил на национален натпревар кога имал осум години.

Стенмарк е рекордер по бројот на победи во Светскиот куп, победил на 86 натпревари, додека следниот на ранг листата е Херман Маер со 54 победи. Сите победи ги остварил во слалом и велеслалом. Ретко се натпреварувал во спуст и комбинација, а во супервелеслалом се појавил на крајот на својата кариера.

На Олимписките игри во Сараево не можел да учествува бидејќи имал статус на професионалец, па со самото тоа не ги бранел златните одличја освоени во 1980 година во Лејк Плесид. Четири години подоцна му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Калгари.

Во периодот од 1976 до 1978 година, кога бил победник во Светскиот куп, заедно со тенисерот Бјорн Борг станал национална икона во Шведска. Тоа не се променило ниту со неговата преселба во Монако поради пониските даночни стапки. Го преживеал земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година за време на престојот во Тајланд.

Се вчитува...