Силекс е првиот финалист во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Кратовски Силекс е првиот финалист во Купот на Македонија за сезоната 2021/22 откако славеше на гостувањата во Битола против Пелистер со 0-1 во полуфиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Кратовци до финалето и можноста за одбрана на трофејот освоен минатата година дојдоа благодарение на прекрасниот погодок на Каланоски во 36. минута од средбата.

 

Во втората полуфинална пресметка, во Струга, пак, пеналите ќе го одлучат вториот финалист откако Струга ТЛ и Македонија ЃП по регуларните 90 минути одиграа натпревар без голови.

Се вчитува...