Силекс го ангажираше Французинот Аколатсе

Французинот Чарлс Кофи Аколатсе е најновото засилување на Силекс за пролетниот дел од сезоната.

Кратовци се засилија со 23-годишниот фудбалер од средниот ред, потпишувајќи договор до јуни 2020 година. Аколатсе, кој е роден во Париз но има и државјанство на Того, доаѓа од редовите на Јувентус Букурешт, кој е негов последен клуб, а претходно има играно за француските нисколигаши Пор-сур-вие и Ле Харбер.

Претходно, Силекс се засили и со 26-годишниот српски офанзивец Марко Рајковиќ како и со Иво Јанакиевски од Тетекс, голманите Андреја Ефремов и Стефан Истатов, но и Адријан Чаволи, Петар Икиќ, Дејан Ристов и Виктор Серафимовски.

Втората фаза од подготовките кратовци ја реализираат во Охрид. За утре е закажан пријателски натпревар со Корча од Албанија, а договорени се и дуели со Струга Трим Лум (6. февруари) и Велазерими (9. февруари).

Се вчитува...