Силекс го „навезе“ Гоблен

Македонскиот прволигаш Силекс го совлада Гоблен со 4-1 во пријателскиот натпревар што се одигра во Куманово. Кратовци го потврдија својот квалитет и доминираа на дуелот со второлигашот.

Додев го отвори резултатот во деветтата минута, а Дурански зголеми на 2-0 во 38.минута. На почетокот на вториот дел, Силекс поведе и со 3-0 со вториот гол на Додев, додека Алексовски беше стрелец на четвртиот погодок. Гоблен успеа да постигне почесен гол во завршницата од овој пријателски натпревар.

Се вчитува...