Силекс го победи новиот второлигаш Генч Калемлар на тестот во Маврово

Кратовски Силекс славеше со 2-0 (1-0) против новиот второлигаш Генч Калемлар од Гостивар на пријателскиот натпревар кој се одигра во Маврово.

Кратовци сосема заслужено победија на натпреварите доминирајќи на теренот во текот на сите 90 минути.

Стрелци на погодоците за Силекс беа Георгиев во 17. минута и Мбела во 67. минута од средбата.

Се вчитува...